Ова никој не го очекуваше, се огласи мајката на 39 години помладата девојка на Лазар Ристовски

Познатиот актер Лазар Ристовски, кој во 2022 се разведе по 4 децении брак, сега има нова љубов – Аница Лазиќ која е скоро 40 години помлада од него.
Српскиот актер Лазар Ристовски (70) кој во февруари 2022 се разведе од сопругата Даница по 42 години брак, повторно пронајде љубов. Тој веќе некое време е во врска со Аница Лазиќ (31), која е 39 години помлада од него.
Парот работеше заедно на серијата „Дрим тим“, и откако се појавија шпекулации во српските медиуми, Ристовски потврди дека се во врска.
Лазар Ристовски денеска го слави својот 71 роденден, а по тој повод се сликаше за својот Инстаграм како ги допира своите брчки и коментира:
„Добро сум, а?“.
Неговата партнерка Аница Лазиќ, која е 39 години помлада, сподели јавна честитка под која се огласи и нејзината мајка Анкица.
Таа под фотографијата на ќерката и зетот оставила коментар кој им се допаднал на многумина.
– Среќен роденден, витез на храброста! – напиша Анкица, заедно со низа емотикони. На ова реагираше и нејзината ќерка.
– Ти благодарам, мамо! Те сакам!
Лазар Ристовски неодамна се разведе од актерката Даница.
По разводот беше обелоденето дека тој е во врска со колешката Аница Лазиќ, која е многу помлада од него што предизвика бура од реакции.
Ристовски неодамна потврди дека Аница му е девојка.
„Точно е, заедно сме. Не би додал ништо повеќе. Аница ја запознав многу подоцна и нема врска со разводот. Благодарам“, кратко изјави Лазар за Блиц.