Ова никој НЕ го очекуваше од неа – се соблече поранешната сопруга на Кајмакоски! И повторно изгледа како милион долари
Можеби ова никој не го очекуваше од неа, но Кристина на овие фотографии изгледа како милион долари
И додека Даниел Кајмакоски учествува во новата сезона на „Твоето лице звучи познато“ и ги воодушевува сите со својот феноменален глас, неговата поранешна сопруга знае како да ги запали социјалните мрежи.
Имено, манекенката Кристина Димитриевска која неодамна заплови и во музичките води, објави неколку фотографии на кои позира во долна облека, а во центарот на вниманието е нејзиното беспрекорно тело.
Кристина уште пред да се омажи за Даниел Кајмакоски важеше за една од најубавите манекенки во Македонија.
Но откако застана на лудиот камен манекенката ја стави својата кариера во мирување и му се посвети на брачниот живот.
Таа наскоро го роди нивниот син, но по три години брачен живот тие решија да се разделат и секој тргна по својот пат.
Па така младата манекенка неодамна заплива и во музичките води и снимаше спот со реперот Андреј Миске, а потоа следуваа и неколку провокативни едиторијали од кои можеме да видиме дека нејзиното тело повторно е во топ форма.
Кристина своето тело го одржува во форма со редовно вежбање во теретана, па така не ретко објавува и фотографии од тренинзите.
Погледнете уште неколку „пикантни“ изданија на кои атрактивната тетовчанка изгледа неодоливо.