„Ова никогаш нема да ти го заборавам“: Aца Пејовиќ до солзи ја трогна својата кума Александра Пријовиќ, еве што направи познатиот пејач

Александра Пријовиќ својот концерт во Загреб го отворила со песната „Доцна ни е“, а уште на првите тактови од песната публиката почнала да вреска и да пее во еден глас.
Кулминација на расположението се случи кога во арената пристигна кумот и колега на Александра, Ацо Пејовиќ, пишуваат српските медиуми.
Фото: Фејсбук
Појавувањето на кумовите на сцената беше многу емотивно, а Александра откри дека пејачот, иако бил болен, дошол да и се придружи на сцената.
“Иако си болен, дојде да ме испочитуваш. Тоа никогаш нема да го заборавам. Ти благодарам”, рече Александра, а Ацо одговори:
„Ти благодарам што постоиш”.
Публиката кумскиот разговор го дочека со овации и врескања, а многумина имаа солзи во очите, пренесува „Курир“.
Фото: Фејсбук
Александра Пријовиќ и Аца Пејовиќ се зближиле за време на снимањето на спотот за нивниот дует пред неколку години, а нејзиниот сопруг Филип како син на популарни личности имал можност да се дружи во Аца, па оттаму ова пријателство заврши и со кумство кога вљубената двојка реши да ја овековечи својата љубов.
Инаку, Аца Пејовиќ со години е во брак со сопругата Билјана со која има три ќерки на кои е бескрајно горд.
Едната ќерка, Марија дипломирала на Медицинскиот факултет во Белград, а неодамна ја сподели радосната вест дека оди на специјализација. Како што најави таа, обуката ќе ја продолжи на Военомедицинската академија (ВМА). Популарниот пејач во своите интервјуа наведува дека неговото семејство е неговата тврдина.
– Семејството е мојата тврдина. Тие четворица се моето сидро, но и моето едро, моторот, двигателите на сѐ. Немаше да го имам целиот успех да не беа тие четири моја поддршка, гласот на разумот – низ насмевка изјавил Аца, кој во текот на целата своја кариера успеал да дочека само една Нова година со семејството.
Фото: Фејсбук