Вести

Ова никако не смеете да го имате во вашата спална соба, многу е штетно по здравјето

Advertisement

За да имате спокоен и мирен сон кој ќе ви даде наутро енергенија за нов работен предизвик има неколку работи кои понекогаш ги чуваме во нашите спални соби, а кои треба веднаш да ги преместите. Овие работи не само што можат да ви го нарушат вашиот сон, туку може и сериозно да влијаат на вашата општа здравствена состојба.

Ако било што од ова подолу е дел од вашата спална соба реагирајте веднаш, не се премислувајте.

Advertisement

Фото: Pixaby

Во нашите спални соби никако не смее да има опрема за вежбање, тегови, душеци, еластични ленти.

Тоа е почва за бактерии, а ако немате време за вежбање, гледањето во опрема за вежбање или душек веројатно ќе направи да се чувствувате виновни, а тој стрес не ви треба пред спиење. Затоа, дури и ако имате голема спална соба, преместете ја спортската опрема во друга просторија.

На работната маса не ѝ е местото во спалната соба која треба да остане место каде што бегате од секојдневните грижи. Ако ставите биро таму, спалната соба ќе стане просторија поврзана со стрес и негативни емоции од тешките ситуации на работа.

Како резултат на тоа, нема да можете целосно да се опуштите пред спиење. Исто така, штетно е да работите од кревет (да, дури и да одговарате на е-пошта) – ги замаглува границите помеѓу одмор и работа и создава дополнителен стрес. А стресот му штети и на менталното и на физичкото здравје.

Ако досега сте имале навика валканата облека или постелнина да ја чувате во кошница во спалната соба, не го правете тоа повеќе. Не толку чистите работи сместени во аглите на спалната соба се вообичаена глетка.

Сепак, не е хигиенски и создава неред, кој мозокот го доживува како недовршена задача, создавајќи стрес пред спиење. Корпа со валкани алишта во спалната соба – тоа може да влијае на квалитетот на воздухот.

Препорачаниот животен век на секој душек е 8-10 години. Сепак, многумина спијат на ист душек со децении.

Во меѓувреме, старите душеци можат да предизвикаат проблеми со грбот и да претставуваат вистинско складиште на грини, пренесува Espresco.rs.

Фото: Pixaby

И секако, во спалната соба не им е местото на компјутерите, лаптопите, таблетите.

Има неколку добри причини зошто треба да ги оставите паметните телефони, лаптопите и таблетите барем додека спиете.

Прво, сината светлина што ја емитуваат екраните: го попречува производството на мелатонин и предизвикува несоница. Второ, содржината што ја консумираме на Интернет.

Доколку телефонот или компјутерот се до креветот, големо искушение е да пребарувате на социјалните мрежи пред да си легнете.

 

Во меѓувреме, вести, коментари, кратки видеа итн. придонесуваат за преоптоварување со информации – дополнителен стрес што го отежнува заспивањето. Така, со нивно отстранување од спалната соба, значително ќе го подобрите квалитетот на спиењето и ќе се чувствувате многу побудни следното утро.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button