Реклама
Интервју

ОВА НЕ ГО МОЖЕ СЕКОЈА ЖЕНА: Лејла се одлучи за храбар потег, по ова стана инспирација меѓу дамите

Велат кога жената ја менува фризурата испраќа некаква порака?!

Реклама

Прекрасната Лејла Рамковска е најубавата јога-инструкторка кај нас и една од најубавите жени во Македонија. Лејла  е дефинитивно поим за убавина!

фото/инстаграм

Таа е ќерка на Велија Рамкосвки, сопственикот на некогашната телевизиска куќа „А1“,, но не е во сенка на нејзиниот ултрапопуларен татко. Лејла последните години си изгради сопствен бренд од себе. Таа е јога -инструкторка и вистинска дива.

Изгледа навистина совршено. Чиниш нема маана. Лејла е препознатлива русоксоа со совршен лик, често ја гледаме и на  рекламите.

Маркетинг
фото/инстаграм

Атрактивната убавица одличи да го промени имиџот со тоа што драстично ја скрати косата. Имаше долга руса коса, но направи многу храбар потег. На инстаграм профилот објави видео пред да се ишиша како прави загрижувачка фаца дека овде е потребна промена! На истото видео веќе промената во добра насока е видлива.

Кај повеќето жени, косата е слабост, не се одлучуваат така лесно за промена, бојадисување или пак кратење на многу сантиметри.

Маркетинг

Велат, кога жената ја менува фризурата испраќа некаква порака?!

Зошо се одлучи да направи драстична промена од долга коса во фризурче кое е навистина шик и модерно, но и за други интерсни прашања поврзани со оваа фит-дама зборуваме во продолжение.

фото/инстаграм

Лејла е во моментов на одмор, но со големо задоволство се согласи на разговор со нас .

Најнапред, ви благодарам што одвоивте време за Гламур.мк. Ќе ни откриете ли каде уживате на летните сончеви зраци? :)

На прв крак во близина на Сивири, на гости кај едни прекрасни луѓе, поточно кај најдобрата другарка на ќерка ми Каја :)

Дали вашиот одмор значи и одмор од јогата или и додека сте на одмор практикувате јога? Треба ли некогаш да се направи пауза од јога?

Не постои одмор од јогата бидејќи тоа мајндсет.. можеби не ги правам физичките вежби, но секогаш некој сегмент од јогата ми е присутна во животот, тоа е она што ме балансира во стресни ситуации..

Дали јогата е ваш извор на финансии?

Јогата е она што го гледате, но паралелно работам како бренд амбасадор на едно од поуспешните фирми „Натура Терапи“… воедно и маркетинг. А летово ми поминува ултра продуктивно бидејќи спремаме нови производи кои ќе помогнат и придонесат во квалитетот на активниот живот.

фото/инстаграм

Неодмана направивте храбар потег и ја скративте косата, одлично ви прилега! Има ли конктретна причина, што е тоа што ве натера за оваа промена?

Од многу практични причини не беше баш нешто за мода 🤣

Сакав што помалку време да одвојувам на спремање… и навистина сите блиски знаат дека ми треба многу малку време за дотерување. Се повеќе сакам едноставни работи и природни…

Одлично и стои новата фризура. Што мислите вие?

фото/инстаграм

Што претпочитате книга или филм?

Летно време дефинитивно книга, последна што ја прочитав беше „Атомски Навики” добра книга и супер водич за патот кон успех.

 

Кое ви е омилено место за излегување?

Омилено ми е секое место каде сум со драги луѓе, но генерално секојдневмо се движам таму каде ми е блиску до работа.. околу Club8 до Броз кафе.

Омилена храна и пијалок?

Уживам во храната и јадам многу бавно…обожавам салати и суши. Од пијалок ладна вода на горештиниве.

Кои се вашите ритуали за нега на кожата и косата, имате ли псоебни тајни за вашиот совршен изглед?

Ти благодарам но совршено нема, но постои способноста на истакнување на своите убави страни :))

Серумите ми се откритие оваа година бидејќи нормално кожата си старее и бара екстра нега. Косата ја негувам секојдневно со масла или маски и ретко која ја фенирам бидејќи имам природно меко но и тенко влакно. Ви благодарам на одвоеното време 🙏🏻

Инаку Лејла претходно има откриено за медиумите дека не била физички активна, впрочем, не знаела да направи ни мост. Со јога започнала на својата 30. година, откако и било дијагностицирано дека центарот за баланс и е нарушен, имала константни вртоглавици, дел од стpес, дел од спондилоза и дискус…

„Од физички аспект имав проблеми со главоболки, со половината, со вратот, од пси хички аспект пак, почнав да се ослободувам од сите проблеми и блокади во човековото тело, кои влијаат на здравјето, вели во интервју за „Приказна“, Лејла Рамковска.

Мајка е на две деца, а е една од најзгодните Македонки!

Заплакнете очи во убавата галеррија што ви ја подготвивме во продолжение …

фото/инстаграм
фото/инстаграм

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button