Ова необично прашање Доналд Трамп му го постави на едно дете: „Се уште веруваш во Дедо Мраз? Па колку години имаш ти?“
Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, за Божиќ праша едно седумгодишно момче дали се уште верува во Дедо Мраз, бидејќи според него тоа за неговите години е „малку на границата”.
„Дали одиш на училиште? Што ќе правиш за Божиќ?” го запраша претседателот седумгодишниот Колман од Америка по службениот телефон од Белата куќа. На повиците покрај Трамп одговараше и првата дама Меланија.
„Дали се уште верувате во Дедо Мраз? Бидејќи тоа во седмата година, е малку на границата, нели?” го праша Трамп момчето, па се насмеа на неговото прашање.
Традиција која трае со децении
Белата куќа веќе со децении прима повици од деца кои од нив бараат информации каде е Дедо Мраз во тој момент. Традицијата е основана кога во педесеттите години на минатиот век по грешка поради една реклама во весник децата на приватен број ѕвонеле кај еден војник и го прашувале за локацијата за најпопуларниот жител на Северниот Пол.
Тој оваа грешка ја претвори во навика, па NORAD – воената организација на Соединетите Американски Држави и Канада, за безбедноста на воздушниот простор – им овозможи на децата за Бадник да се информираат за ова важно прашање, вклучително и преку Белата куќа.
За среќа за седумгодишниот Колман и многу други деца од цела Америка, NORAD преку својата веб страна им овозможува следење на движењето на Дедо Мраз.