Ова момче откако е родено е во карантин: Како предвреме родено бебе живее како под стаклено ѕвоно
Предвреме родениот Хавен Смит кој беше во карантин во болница цели 8 месеци, сега мора повторно да биде во затворено, но овојпат е во подобро здравје.
Малечкиот Хевен е роден на 1. јануари 2019, 100 дена порано од терминот и тежел само 410 грама, и од раѓање беше приклучен на респиратор, вели неговата мајка Менди.
Оваа самохрана мајка е породена со царски рез во болницата во Калифорнија и ситното бебенце во болница е задржано 8 месеци, се до август минатата година кога е пуштен од болница, со добра прогноза иако претходно лекарите велеле дека има 10 проценти шанса за да преживее.
По една година, тој ги поби лекарите и добро напредува и покрај тоа што страда од хипертензија и потребна му е трансплантација на бубрег.
Во моментов, поради пандемијата од коронавирус тој е изолиран во својот дом уште од февруари и ниту тој ниту неговата мајка не излегуваат од дома.
Нивните пријатели и роднини го гледаат Хевен само преку стаклото.
„Ми се крши срцето кога го гледам вака, како ги бакнува луѓето преку стаклото, вели мајката Менди додавајќи дека ако фати коронавирус тоа би било смртносно за него.
„Не излегуваме. И мојата мајка која има 68 години има астма и не излегува.
Единствено што не посетуваат се медицинските сестри на Хевен“, вели Менди која е воен ветеран.
И таа нема излезено од дома уште од средината на февруари, многу пред во САД да бидат повикани граѓаните да се повлечат во карантин.
За Хевен ова не е првиот карантин
„Првите 8 месеци од животот ги помина во детската болница, но сега е добар и е прекрасно дете, полно со енергија. За среќа, не се буни многу што е внатре. Јас ги разбирам родителите на децата кои се постари и не можат да разберат зошто во ваква ситуација не смеат да ги гледаат своите другарчиња или поширокото семејство.
Менди била бремена во 25 недела но морала да се породи поради тоа што плодот не примал доволно храна и кислород преку папочната врвца и бил во опасност да умре.
Како што растел Хевен се соочувал со проблеми со висината, тежината, бубрезите, видот и докторите ја предупредувале мајката дека момчето можеби нема никогаш да прооди и а прозбори. Но Менди која како војник порано се борела во Авганистан и Хевен го родила на 41 година, верувала дека со секојдневна терапија ќе му помогне на синот и го носела упорно се додека поради вирусот не се затвориле дома.
Таа вели дека тој се уште има некои проблеми во развојот но е мал борец како неговата мама, објаснува таа. „Јас сум воен ветеран кој беше на служба во Авганистан во 2010 и 2011 година“.
На Хевен исто така му се потребни очила зошто ретината не му е соодветно развиена, како кај сите предвреме родени бебиња, и имал операција за тоа да се среди.
Менди вели: „Хевен е поголем од животот. Ништо не може да му застане на патот и покрај тоа што се храни преку цевка, а добива и кислород така поради пулмонарната хипертензија.
„Се чувствувам благодарно во овие тешки времиња. Сето тоа е перспектива. Хевн ме научи на тоа. Без разлика низ што поминуваме. Се додека сме ние двајцата заедно ќе го може се да надминеме. Тој постојано се смешка и заведува. Тој сака контакт со луѓе и не запознал туѓ човек зошто многу е рано поради неговата состојба да го изложувам на луѓе“.
„Ми рекоа дека 80 отсто се шансите да не слуша, да не зборува и да не оди. Тој навистина е потсетник дека мора да имаме надеж секогаш“.
Таа им се заблагодари на многу луѓе во свето кои ги поддржуваат и се молат за нив.
„Како воен ветеран добро е да видам добрина во светот наместо војна“.
Оваа силна мајка повика на поддршка на сите бебиња како нејзиниот син кои се родени предвреме.