Реклама
Вирално

Ова момче на многу креативен начин покани девојка на состанок сред пандемија

Реклама

Џереми Коен, од Бруклин, забележа девојка на покривот како танцува. Тој ја поздрави со раката, и таа му врати.

Тој сакаше да види која е мистериозната дама и на многу креативен начин реши да ја покани девојката на состанок. Тој и го испрати својот телефонски број со помош на дрон.

Маркетинг

„Не сум бил на романтичен состанок околу една година. Навистина сакав да поразговарам со некого, па карантинот ме направи да бидам креативен “, вели Џереми на почетокот од својата приказна.  „Зедов леплива лента, дрон и хартија. Го напишав мојот телефон и го испратив. Флертувањето е нормално за мене “, рече тој.

Фото: Инстаграм

Девојката по име Тори го подигна дронот, ја зеде хартијата и по еден час му испрати порака на Џереми. Двојката започна да се допишува, а Џереми предложи да излезат на состанок. Прашањето беше како да се направи тоа, бидејќи обајцата беа во домашен карантин.

Маркетинг

За среќа, Џереми смисли одличен начин како да го направат тоа. Тој кришум контактирал со цимерката на Тори и, според неговите упатства, таа на покривот каде што Тори тренира, изнела маса, пијалок и храна.

Фото: Инстаграм

Џереми го стори истото, и конечно „се најдоа“ во договореното време. Секој на свое место, и комуницираа преку Face-Time. Џереми не се двоумеше да и даде комплимент на Тори, велејќи дека изгледа убаво.

Во еден момент, под изговор дека оди во тоалет, тој се оддалечи од масата само за да ги извести своите пријатели во групата дека состанокот е успешен.

„Ова би можело да се претвори во врска на далечина со некој што живее преку улица од мене“, рече Џереми, кој никогаш не престана да ја изненадува Тори.

https://www.instagram.com/p/B-Pj59zj36R/?utm_source=ig_embed

 

Имено, неговиот следен потег беше многу поинтересен и посериозен. Тој реши да ја види Тори одблизу, па надува огромна проѕирна топка, влезе во неа со букет и ја покани Тори да излезе пред зградата. Кога го виде, убавата бринета беше природно изненадена и се смееше.

Џереми ги извести своите следбеници преку „TikTok“ и „Instagram“ што прават, па затоа е среќен што донесе радост во животот на луѓето во овие „чудни времиња“. Способност да ја раскаже својата приказна, како што самиот вели, ја наследил од неговата мајка Ева Грејсле, за која вели дека е мотивационен говорник и четири пати го победила ракот.

https://www.instagram.com/p/B-Kl0RfD3Cz/?utm_source=ig_embed

 

„Да не беше таа, мислам дека не би имал ваков оптимистички поглед на животот и не би правел вакви работи денес“, рече Џереми, инаку професионален фотограф.

Извор: cdm.me

Поврзано

Back to top button