Ова момче е нашиот херој на денот – НЕМА екстремитети, но ќе се изненадите што се може да направи со своето тело
Ова момче е родено без екстремитети.
Но и покрај хендикепот реши да се запише на часови по брејкденс, најмногу за да може да стекне нови пријатели во школото, па откри дека не само што е талентиран за играње, туку може да ги инспирира и другите.
Гејб Адамс има 19 години и е роден во бразилскиот Сао Паоло со Ханхартов синдром, ретка медицинска состојба која се одликува со отсуство на дел од рацете, нозете или прстите, но исто така може да се појави и на јазикот.
Во случајот со Адамс, неговите екстремитети воопшто не растат
Гејб беше усвоен од американските родители Џанел и Рон Адамс кои го одвеле да живее во САД, каде што пораснал со своите 13 браќа во Кејсвил, Јута.
Од рана возраст, тој почна да користи инвалидска количка, но Рон и Џанел беа решени да стане самостоен, колку што тоа е возможно во неговиот случај, па цело време го охрабруваа да се движи без инвалидска количка.
Со пријателите од колеџот
Во училиштето, тој почна да танцува за да се дружи и да стекне пријатели, па набргу откри дека за брејкденс своите недостатоци може да ги искористи како предност.
По матурирањето, Гејб продолжи да работи на своето осамостојување, па се пресели од семејниот дом и започна кариера како мотивациски говорник.