Ова млада дама од Струмица се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ – и нејзината мајка е позната пејачка
Неверојатно си личат една на друга...
Младата пејачка од Струмица, Сања Димова, полека но сигурно ја гради својата музичка кариера.
Сања се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“, каде ги освои сите со својот глас, но и со својата природна убавина.
Таа и покрај тоа што не стигна до финалето, по шоуто продолжи сериозно да работи на својата музичка кариера, а поприлично е позната и на социјалните мрежи каде редовно споделува фотографии.
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Нејзина најголема поддршка се нејзините родители, Биљана и Борис Димови, познат музички пар од Македонија.
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Тие досега заедно во дует имаат настапено на бројни фестивали и важат за еден од најпознатите музички парови кај нас, а сега и нивната наследничка гордо и самоуверено чекори по нивните стапки.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Сања во Ѕвездите на Гранд беше во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, а по учеството во шоуто интересот за неа се зголеми.
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Таа студира на Факултетот за музички уметности, а како изгледа денес, но и колку си личи на својата мајка Билјана, која исто така често споделува заеднички фотографии, погледнете во продолжение…