Ова место е во нејзиното срце – еве како изгледа трошната куќата на Лила Филиповска во селото каде живеела со своите родители
За неа е малку да се каже дека живее по светски терк и дека ги прати сите модни трендови, но сепак никогаш не крие од каде потекнува.
Човек кој знае од каде потекнува и кон што цели секогаш се цени дупло повеќе.
Нашата најпозната и најубава водителка Лила Филиповска патува низ светот, но одвреме на време знае да се врати на село и да се потсети на детските денови.
Лила е активна на социјалните мрежи, па овојпат објави фотографија од стара, трошна куќа во Бунарџик, во која судејќи по коментарите, водителката некогаш одамна живеела.
„Милион пати слушнав приказна дека сте живееле во Бунарџик. Но, никогаш не поверував“ гласи еден од коментарите, а убавата водителка целата фотографија ја зачини со малку поезија.
„И најмил спомен што в душа ми блеска, се гаси од нив ко цвеќе без боја. Но ти што ловиш звук на чудна песна, ти си ја кажа судбината своја“ напиша Лила.
Таа не се срами, нит пак има потреба, да каже дека како дете живеела на село.
Често знае да сподели и по некоја фотографија од Виниче, кое е родно место на нејзиниот татко.
Како што вели и самата во своите Инстаграм сториња Виниче е местото кое и буди спомени од минатото, спомени кои никогаш нема да може да ги заборави.
Инаку Лила Филиповска важи за жена која е полна со самодоверба, но ретко зборува за љубовта, па затоа неодамна со една објава таа ги изненади нејзините бројни фанови на Инстаграм.
Имено Лила објави фотографија со својот син Филип, а по фотографијата напиша „една љубов“.
Повеќе од јасно е дека децата се вистинско богатство кое е незаменлово, а Лила е горда на својот син.
Уште една љубов во животот на Лила
Сепак таа во неколку наврати зборуваше и за својот мачор Рагнар дека било љубов на прв поглед.
„Љубов ли е ова или панаѓур Нејќе многу да се слика ама немаше спас па на сликава изгледа како да позира а и немаше друг избор и престанете да викате дека мачките се себични!!! Тоа што не слушаат наредби и не прават онака како што ќе им речеме не значи себичност туку цврст карактер самостојност и интегритет. А тоа што со брзина на светлоста го подобрува нашето расположение е друга приказна. Ќе ја раскажувам некој друг пат. А сега ќе се гушкам цел ден со Рагнар. Што и вам ви препорачувам … недела е“ напиша Лила во една прилика.
Лила ужива да го прегрнува и да го снима, но се чини дека Рагнар не го сака многу објективот на камерата, но штом домаќинката треба да го покаже во јавноста, сакал, несакал – мора!