Ова е убавата докторка што му го украде срцето на МИНИСТЕРОТ БОЧВАРСКИ И МУ РОДИ ЌЕРКИЧКА
Се породи сопругата на министерот Бочварски
Министерот за транспорт и врски соопшти преубава вест
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски преку социјалните мрежи соопшти дека неговата сопруга се породила.
„Кога детето ќе ја види светлината на денот, тоа е најубавиот момент во животот на родителите. Благодарам за храброста, пожртвуваноста и трпението Маринела, нека е здрава, среќна и благословена Бјанка“ напиша министерот, а потоа им се заблагодари на тимот од Клиниката за гинекологија и на докторката што ја породиле неговата сопруга.
Маркетинг
Инаку, Благој и неговата понежна половина Маринела се од Штип, каде минатата година се заколнаа на вечна љубов.
Маринела по професија е докторка, а нејзиниот сопруг 2016 беше пратеник во собранието, а по една година стана градоначалник во Штип.
Фото: Инстаграм/ Маринела Бочварска
Благој на оваа функција беше се до изборите во 2020 кога започна да ја извршува министерската функција.
Фото: Инстаграм/ Маринела Бочварска
Како што самите открија во една пригода, Благоја со Маринела беше во врска една година пред да ја запроси, а фотографиите од нивната свадба што ги објави министерот се уште се вртат на интернет.
Фото: Инстаграм/ Маринела Бочварска
Од нив можеме да видиме како Маринела изгледаше како невеста, но о дека Благој блескаше од среќа покрај неа.