Ова е тежок период за нас: Се огласи Немања Гудељ по гласините дека раскинал со Анастасија!
Загубата повеќе ги поврза...
Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ со нетрпение го чекаа октомври кога требаше да се роди нивната ќерка, но за жал судбината сакаше поинаку.
Српскиот репрезентативец минатата недела на Инстаграм ја сподели тажната вест дека тој и неговата избраничка го изгубиле бебето.
По тешкиот период Анастасија се вратила во родниот Белград за да ја помине траумата која ја доживеала со најблиските. Некои, заминувањето на Таша од домот на фудбалерот го сметаат за реакција на сите болни настани, како и последица на раскинувањето со Немања.
Сепак, за врската на Таша и Немања нема простор за шпекулации, тие се сакаат исто како и првиот ден, можеби и повеќе. Болката поради прекинот на бременоста уште повеќе ги спои, без проблемите да ја нарушат нивната врска, за што најдобро сведочат фотографиите кои фудбалерот ги споделува на својот Инстаграм последните денови.
Имено, откако неговиот клуб Севиља стана европски првак, Немања покрај фотографии од фудбалскиот терен и навивачите, објави и една со Таша. И мајката на Анастасија, Цеца Ражнатовиќ, објави слика од прегратката на парот, која во описот додаде дека го има најдобриот зет на светот и дека е многу горда на него.
Значи пишувањата за раскинувањето на Анастасија и Немања се невистинити, а фудбалерот се огласи и јавно истакна дека ова е тежок период з анив па замоли на разбирање од новинарите и обожавателите.