Ова е сопругата на Љупчо Николовски – на министерот му е најголема ПОДДРШКА, а во ова издание изгледа како милион долари!
Министерот не ја крие својата понежна страна
Таа важи за една од најубавите сопруги на нашите политичари, а нејзиниот сопруг еден од најуспешните млади луѓе во политиката.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не крие дека најголема поддршка добива од својата сопруга.
Имено, министерот Љупчо Николовски веќе неколку години е во складен брак со убавата Андријана Николовска, која ретко се појавува во јавноста, но секогаш кога ќе го направи тоа изгледа како „милион долари“.
Младиот политичар кој веќе неколку години е на самиот врв на македонската политичка сцена на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм сподели неколку заеднички фотографии и ги воодушеви сите.
На фотографиите се гледа како шармантната млада дама позира покрај својот сопруг.
Таа е облечена во тесен фустан во впечатлива розова нијанса, со кратки ракави и интересно деколте, а целото издание го зачини со децентна шминка, преубава фризура и бели високи потпетици.
Инаку, Николовски кој од јануари оваа година стапи на министерската функција во министерството за Земјоделство, шумарство и водостопанство на социјалните мрежи редовно објавува фотографии од својата сакана.
Андријана и Љупчо во брачните води запловија во март 2020 година, а на нивната свадба беа бројни функционери од владеачката партија.
Како изгледаше Андријана и како невеста, а министерот како младоженец, погледнете во продолжение:
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива