Реклама
Наши ѕвезди

Ова е синот на Наум Петрески и Зуица Лазова – момчето порасна во вистински фраер, ќе се изненадите

Тргна по стапките на родителите, а наскоро ќе го видиме и неговото прво појавување на музичката сцена

Реклама

Пејачот Наум Петрески и неговата сопруга и колешка Зуица Лазова важат за еден од најскладните парови на нашата сцена.

Тие од овој брак имаат две деца – ќерката Македонка која студира соло пеење и синот Стефан кој исто така ја сака музиката.

Имено, по Македонка и нејзиниот помлад брат Стефан реши да тргне по стапките на своите познати родители.

Маркетинг

Наследникот Стефан како мал

Како што Зуица ни откри во една пригода, 15-годишниот син Стефан веќе кроел планови да стане пејач, а за неколку недели ќе го има и својот прв јавен настап и тоа заедно со неговите родители.

Маркетинг

Татко и син уживат во задничка дружба

Тој ќе настапи заедно со Наум и Зуица на реномираниот музички фестивал за народна музика „Прилеп Фест 2024“ кој оваа година ќе се одржи на 1-ви ноември.

„Македонка е апсолвент на ФМУ по соло пеење и тука е насочена, дури сега покажува желба да снима, но поп музика. Додека Стефан иако е прва година на фолклорниот оддел, веќе крои планови како ќе станел пеач. Мислам дека колку им олеснува тоа што не имаат нас за родители, толку ќе им биде и потешко оти ги споредуваат и бараат сличност со нас“, откри Зуица во една пригода специјално за Гламур магазин.

Наум заедно со синот, а со нив и Андреј од ДНК со ќерката

Потсетуваме, Зуица покрај тоа што е пејачка веќе долги години работи и како професорка по хармоника во ДМБУЦ “Илија Николовски -Луј”.

Семејството Петрески

Што се однесува до тоа како таа се снаоѓа и во оваа нејзина улога и дали е строга професорка, таа самата вели:

„Не сум многу строг професор, знам да ги држам работите под контрола и да постигнам тоа што треба без да тренирам строгост. На децата треба да им се пристапи со љубов и трпение, па така и тие возвраќаат со љубов кон музиката и инструментот. Има некои ученици кои знаат дури да бараат и автограм, слика, но многу ретко, посебно во денешно време. Јас сум таму само наставник, така и се однесувам“, изјави Зуица неодамна за Гламур.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button