Ова е симптом кој најмногу заболени од корона го искусија: Зошто тој воопшто се јавува?
Главни симптоми на коронавирусот и натаму се треска, упорно кашлање и недостаток на здив. Меѓутоа, како што вирусот продолжи да се шири многу пациенти пријавија уште еден симптом кој набрзо беше забележан на листата на официјални симптоми.
Губењето на мирисот беше симптом кој отпосле е додаде на официјалната листа и покрај тоа што голем број луѓе апелираа на него.
Научниците сега конечно открија зошто коронавирусот предизвикува губење на мирис.
Научниците сега конечно открија зошто коронавирусот предизвикува губење на сетилото за мирис.
Познат и како аносмија, привремено губење на чувството на мирис кое понекогаш е пропратено со губењето на вкус е еден од најраните и најчесто пријавуваните знаци на предупредување на новиот коронавирус.
Студиите дури укажуваат на тоа дека овој симптом подобро ја предвидува болеста во однос на повеќето други познати симптоми.
Па, зошто лицето губи мирис во текот на инфекцијата?
Истражувачите од Медицинскиот факултет на Харвард утврдија кој вид на клетки ги користиме за мирис, се воедно и најчуствителна на инфекцијата со ковид.
Сепак, биле изненадени кога откриле дека сензорните неурони, кои детектираат и пренесуваат мирис во мозокот всушност не се ранливи на болест. Коронавирусот всушност ги напаѓа клетките кои ги поддржуваат мирисните сензори на неуроните.
Вонредниот професор по неуробиологија на Медицинскиот факултет при Универзитетот Харвард, д-р Сендеп Роберт Дата вели дека ова се одлични вести зошто сугерираат дека повеќето заболени нема да имаат трајно оштетување на сетилото на мирис.
– Мислам дека тоа е добра вест зошто еднаш кога инфекцијата ќе исчезне, мирисните неурони не мора да се менуваат или обновуваат од почеток и мирисот се враќа, истакна докторот.