Мерјем Узерли откри како таа и нејзината сестра Канан изгледале како девојчиња
Познатата турска актерка Мерјем Узерли која се прослави со улогата на султанката Хурем во серијата „Сулејман величествениот“ редовно објавува фотографии на својот Инстаграм профил.
Интересно е тоа што веќе некое време на фотографиите таа изгледа потполно различно, па многумина коментираа дека за тоа се виновни пластичните операции, иако досега овие информации не се потврдени.
Мерјем откако реши поради бременоста да го напушти снимањето на последните епизоди на „Сулејман величествениот“, и бидејќи беше оставена од нејзиното тогашно момче, Кан Атеш, се врати во Германија. Во тешките моменти најголема поддршка и беа родителите, таткото по потекло од Турција, и мајката Германка која исто така се занимава со актерство, но и двајцата браќа и сестрата Канан Узерли кој е џез пејачка
https://www.instagram.com/p/Bvn9JhQgAGv/?utm_source=ig_embed
Од заедничката фотографија можеме да ја видиме сличноста меѓу Мерјем и нејзината сестра Узерли, како и тоа дека и двете го имаат оној карактеристичен поглед со кој актерката ќе „продре“ до своите обожаватели.
https://www.instagram.com/p/BvZHM3sh7Jj/
Канан која две години е постара од Мерјем од мала се занимава со музика. а во Хамбург има завршено Факултет за применети уметности, а потоа и Конзерваториум.
https://www.instagram.com/p/BuhfI5TBM1Q/
Беше дел од бендот „Селтик мјузик“, а потоа продолжи со соло кариера. Нејзиниот глас го опишуваат како несекојдневен, а музиката како спој на поп и модерни звуци, спој на меланхолија и брзи ритми.