Реклама
Наши ѕвезди

Ова е првиот сопруг на водителката од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ – ШАРМАНТНАТА Сања со него има син, а Брена им беше кума

Реклама

Водителката на најгледаниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“ со години наназад крие голема тајна.

Фото: Инстаграм/ Сања Кужет

Иако неодамна се омажи по втор пат и доби син, ретко кој знае дека убавата водителка Сања Кужет пред девет години беше омажена за еден од членовите на обезбедувањето на сопственикот на „ТВ Пинк“, Жељко Митровиќ, Зоран Пипер, со кого исто така има син која се вика Страхиња.

Кума на првата венчавка им беше Лепа Брена.

Маркетинг

Сања во тој период работеше во „розовата“ телевизија како водителка на временската прогноза и беше на почетокот од својата кариера како водителка.

Фото: Инстаграм/ Сања Кужет

„Тоа беше љубов на прв поглед. Сања тогаш важеше за една од најатрактивните водителки, а тој беше доста упорен бидејќи Сања многу му се допаѓаше. По неколку месеци забавување, тие двајцата решија да се венчаат“, открива извор близок до водителката, пишува Нови.ба.

Маркетинг
Поранешниот сопруг на Сања (Фото: Фејсбук)

Свадбата тогаш беше организирана во поранешниот Интерконтинентал, а младенците вложија сериозна сума пари. На свадбата се изгледаше како во бајките, но за жал нивниот брак не траеше долго, бидејќи тие по некое време се разделија.

Фото: Инстаграм/ Сања Кужет

Познатата водителка неодамна прозборе за својот поранешен сопруг и го кажа следново:

„Се дружевме две години, се вљубивме, па се венчавме и добивме дете. Потоа се разведовме, но и понатаму останавме во истата фирма.. Зоран и јас по година дена брак убаво, човечки се разделивме. Можеби тоа на некому ќе му изгледа смешно, но кај нас се’ функционира беспрекорно, само што не сме во задница. Андрија и тој се гледаат, имаат нормален контакт, ние мораме да функционираме заради детето и сакаме комуникацијата да биде што подобра. Немаше љубоморни сцени, немаше ничии суети“, изјави тогаш водителката.

Фото: Инстаграм/ Сања Кужет

Шармантната водителка минатата година одреден период се повлече од малите екрани, откако остана во блажена состојба со новиот избраник Немања Живојиновиќ, директорот на маркетинг, со кого доби син.

Сања по првото породување се врати на ТВ Пинк, како новинарка на информативниот програм, а потоа премина во „Гранд“ телевизија каде работи се уште како водителка на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ кое важи за една од најгледаните емисии и во нашата земја.

Фото: Инстаграм/ Сања Кужет

И во „опуштено“ издание е убава

Инаку, водителката и на снимањето на новата сезона на популарното музичко шоу „Гранд ѕвезди“ ги воодушевува сите со своите прекрасни модни изданија.

Но таа кога не е на малите екрани, односно во приватниот живот изгледа многу поразлично.

Фото: Инстаграм/ Сања Кужет

Тоа можеме да го забележиме и од нејзината фотографија што ја направи додека се возеше во лифт, во потполно опуштено издание и без шминка.

Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет

Поврзано

Back to top button