Ова е поубавата половина на најдобриот играч на Вардар – ќе останете без зборови кога ќе видите каква убавица има покрај себе
Тој е еден од главните виновници што Вардар станаа шампиони, а оваа дама е виновна што тој е таков – непобедлив!
Играчот на Вардар Игор Карачиќ важи за еден од омилените ракометари на скопската публика. Игор сосем заслужено беше прогласен за најдобар играч на завршниот турнир во Келн, без разлика на сите проблеми со кои тој и неговите соиграчи се соочија во најтешката сезона во нивните животи.
„Ова е чудесен клуб. Гордост не само на Македонија, туку и на целиот Балкан. Кога сите не отпишаа ние дојдовме на врвот во Европа. Вардар – лудило од клуб“, изјави хрватскиот репрезентативец за медиумите по неверојатната игра и победата на Вардар во финалето.
Инаку, за еден од омилените играчи на македонските навивачи се шушка и дека покрај себе ја има и најубавата девојка од целиот тим, а дека таа е вистинска убавица можете да видите и од неговите фотографии во продолжение.