Реклама
Наши ѕвезди

Ова е ПОСЛЕДНАТА ОБЈАВА на Маја од Охрид што почина во Африка – НЕЈЗИНИТЕ ЗБОРОВИ никого нема да остават рамнодушен!

Реклама

Почина младата инфлуенсерка и светски позната мејк-ап артистка од Македонија Маја Миа Јанеска.

Фото: Инстаграм/ Маја Миа Ј

Младата девојка неодамна беше во центарот на вниманието во нашата јавност откако заеднички фотографии со неа објавија актуелни политичари, меѓу кои и министерот за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче…

Маја беше светски позната шминкерка со милиони следбеници на социјалните мрежи, а беше во врска со познатиот музичар Оми Димпоз. Нејзиното момче преку Инстаграм се прости од неа, а веста први ја објавија медиумите во Јужна Африка каде што Маја живееше и работеше веќе со години.

„Почивај во мир љубов“- пишува во објавата на познатиот музичар на социјалните мрежи.

Маркетинг

Во моментот се уште нема официјални информации за причините за смртта на младата девојка со потекло од Охрид, а како што објави директорот на ФОН, Сефер Цановски, кој беше пријател со неа, нејзините посмртни останки ќе бидат донесени со авион во Македонија.

Фото: Инстаграм

„Вчера министерката на претседателот на Јужна Африка ми се јави со шокантна вест и ме извести дека во петокот сабајле Маја го загубила животот во несреќен случај. Изразив сочувство до нејзината фамилија каде ме известија дека со нејзиниот вереник од Јужна Африка се слушнале за трагедијата која се случила и ветил дека заедно со авион ќе ги донесе посмртните останки и ќе биде достоинствено погребана во својот Охрид“, објави Цановски.

Инаку, младата девојка неодамна беше во центарот на вниманието во нашата јавност откако заеднички фотографии со неа објавија актуелни политичари, меѓу кои и министерот за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче. Овие фотографии се меѓу последните на нејзиниот профил на Инстаграм, додека нејзината последна објава е посветена за жените, а нејзините зборови сега посебно болат.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Маја Миа Ј

„Секој пат кога една жена се залага за себе, најверојатно без да знае и без да го тврди тоа, таа се залага и за сите жени“, напиша Маја пред само неколку дена на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Маја Миа Ј

Инаку таа само неколку дена претходно објави и фотографија на која е со Венко Филипче, а на која напиша:

„Венко Филипче не е само најдобриот неврохирург во регионот и поранешен министер за здравство кој им помогна на многу пациенти за време на кризата со Ковид, туку и мој пријател од родниот град Охрид. Му се восхитувам на твојот труд. Исто така и на про боно работата што веќе со години ја работите во Африка – навистина е прекрасно што толку образуван доктор ќе им помогна на Нациите и луѓето во неволја. Големо браво, брате, за тоа што го правите, заслужувате почит, благодарам за твојата работа“, напиша Маја под фотографијата.

Фото: Инстаграм/ Маја Миа Ј

Фото: Инстаграм/ Маја Миа Ј

Фото: Инстаграм/ Маја Миа Ј

Фото: Инстаграм/ Маја Миа Ј

Фото: Инстаграм/ Маја Миа Ј

Фото: Инстаграм/ Маја Миа Ј

Фото: Инстаграм/ Маја Миа Ј

Фото: Инстаграм/ Маја Миа Ј

Фото: Инстаграм/ Маја Миа Ј

Фото: Инстаграм/ Маја Миа Ј

Фото: Инстаграм/ Маја Миа Ј

Фото: Инстаграм/ Маја Миа Ј

Фото: Инстаграм/ Маја Миа Ј

Фото: Инстаграм/ Маја Миа Ј

Фото: Инстаграм/ Маја Миа Ј

Поврзано

Back to top button