Реклама
Наши ѕвезди

ОВА Е НОВАТА ЉУБОВ НА ЏИМИ ОД ГРУПАТА „МОЛИКА“?! Погледнете со кого го минува времето по разводот

Еве како Џими си ги полни батериите

Реклама

Дали Џими Мицевски ја преболи сопругата?!

Познатиот музичар и фронтмен на групата „Молика“, Џими Мицевски, во последно време често објавува фотки на Фејсбук.

Музичарот неодамна се најде во центарот на вниманието откако во јавноста се дозна дека се разведува од неговата сопруга Анета.

Маркетинг

Тие двајцата покрај тоа што беа во брак, настапуваа заедно и со групата Молика, а како што самите соопштија по разводот, ќе ги одржат сите однапред закажани концерти и настапи како во Македонија, така и во дијаспората, пред секој да тргне на своја страна.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Група Молика

Па така на официјалната страница на групата „Молика“ стои најава за нивниот заеднички настап во Швајцарија.

Фото: Фејсбук/ Група Молика

Имено, тие на 25 ноември ќе настапат во ова земја, каде нашите иселеници ги очекува одлична забава со Анета & Група Молика.

Фото: Фејсбук/ Џими Мицевски

Инаку, од профилот на Џими на социјалните мрежи можеме да видиме дека тој е пасиониран љубител на мотори.

Тој неодамна се врати од патување со мотор низ повеќе земји на Балканот, а сега покажа дека сака да вози и „крос“ мотори.

Фото: Фејсбук/ Џими Мицевски

Очигледно дека Џими го користи секој свој слободен момент да се качи на своите две тркала и заедно со своите пријатели, кои се исто така моторџии, да му се препушти на адреналинот.

Од фотографиите можеме да видиме дека со својот мотор го заобиколил целиот Балкан, но и оние места во Македонија за кои многумина не знаат ни дека постојат, а во кои Џими очигледно ужива.

Некои од овие негови фотки погледнете во продолжение…

Фото: Фејсбук/ Џими Мицевски

Фото: Фејсбук/ Џими Мицевски

Инаку, сите беа изненадени кога се појави веста дека Анета и Џими решиле да стават точка на нивниот брак.

Фото: Фејсбук/ Џими Мицевски

Тие повеќе од две децении беа заедно и од овој брак ја имаат ќерката Моника која денес живее и студира во Германија.

Тие и понатаму соработуваат, а како што потврди и самата пејачка за Гламур, таа ќе продолжи да настапува со групата Молика се додека не го одржат сите однапред договорени настапи.

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Ова многу кажува за нивниот професионален однос кон она што го работат, но и дека тоа го прават со многу љубов.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

А како звучат кога настапуваат заедно и зошто Молика важи за една од најдобрите групи во Македонија, послушајте во продолжение…

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button