Тажна приказна која ја натажи цела Русија.
Судбината си поигра со Евгениј Анисимов, татко кој не сакаше својот син со Даунов синдром да го остави во дом како што сакала неговата сопруга.
Докторот оваа вест им ја соопштил неколку минути по раѓањето на малиот Миша.
– Се плашам дека вашето бебе е родено со Даунов синдром, рекол докторот.
-Искрен да бидам, не знаев што да направам кога дознав за тоа. Мислев дека морам да ги исклучам сите емоции, да станам рационален, да ја поддржам жената затоа што мислев дека и е потешко.
Резултатите од анализите дојдоа за неколку дена, а лекарите дотогаш на сопругата ништо не и зборуваа“, изјави младиот татко за „Bored Panda.
По шоkнтаната информација веднаш успеал да се соземе.
– Она што се сеќавам дека тогаш излегов од болницата и плачев, но не долго. Подоцна се почувствував засрамен од тие солзи. Ништо лошо не се случи во мојот живот, сè уште имав и раце и нозе, знаење, одлучност, активност, љубопитност.
Се случи како што планирав, се роди мојот син. Но, моето дете беше посебно, неговиот живот и иднината се различни “, рече тој.
Овој татко покрај шоkот од докторите, тој доживеа нов, овој пат од неговата сопруга која не била подготвена на ваква одговорност.
-Ние секогаш имавме добра врска полна со доверба. Имавме разни периоди, тешкотии, недостаток на пари, разделба. Јас сум тип кој се прилагодува на се, но во овој случај бев подготвен за ко нфликт, и објаснив дека ќе надминеме сè.
Но, ние се разделивме, сега ми е јасно дека таа се исплаши и оти погреши, но беше доцна да ги смениме работите. Планирав како малиот ќе ужива во изгрејсонцето, како ќе го носам на скара, како ќе уживаме во животот.
Можеби на некои им се чини дека животот ќе му биде несреќен, но тој ќе го има својот живот. Не ни помислував да го оставам во дом за деца, тоа би било нехумано “, додаде тој.