Здраво љубители на кучиња! Сигурно вие сте тие кои веднаш го кликнавте овој наслов.
Доколку имате милениче куче, тогаш веднаш ќе кажете дека вашето куче е најслатко, и да тоа е така кога се работи за вас лично.
Но овојпат зборуваме за најновите статистички податоци на најслатко куче од сите раси.
Дали некогаш сте се запрашале која раса на кучиња е најслатка?
Пребарувачот „Манибич“ (MoneyBeach) со помош на тн. „златен пресек“ на убавината состави список од „најслатките“ раси.кучиња.
Златниот пресек е композициски закон во кој помалиот дел се однесува на поголемиот, како што поголемиот дел се однесува на збирот. За нешто да се смета за совршено, мора да биде во сооднос 1:16.
Златниот сооднос најчесто се користи во уметноста, а може да се види во Витрувиецот на Леонардо да Винчи и Тајната вечера на Салвадор Дали, меѓу другите. Но, со помош на оваа композиција можеме да провериме и колку е „совршено“ лицето на човек или животно.
Според MoneyBeach, најслатката раса на кучиња во светот е далматинецот, за кој се верува дека потекнува од Далмација.
По него следуваат ирскиот воден шпаниел и жичаниот Фокс Териер.
Во продолжение дознајте кои 10 раси го заземаат првото место на листата.
1. Далматинец,
2. Ирски воден шпаниел,
3. Островлакнестиот фокс териер,
4. Лабрадор,
5. Англиски басет,
6. Самојад,
7. Џек расел териер,
8. Ротвајлер,
9. Бернардинец,
10. Златен ретривер.
Златниот пресек е уметничко-филозофски закон дефиниран и користен уште во Стара Хелада. Фамозниот сооднос 1:16 го употребувале и Леонардо да Винчи и Салвадор Дали, меѓу другите, па тоа важи за доста соодветна формула за проверка на тоа – колку е „совршено“ човечкото или животинското лице. Следат 10-те раси „најслатки“ кучиња, според оваа формула.
Извор МИА