Марина Туцаковиќ е автор на најубавите љубовни песни на балканскaта естрада и со право важи за една од најдобрите текстописци, на чија врата, по добар хит доаѓаат многу пејачи.
Многумина не знаат дека за една позната песна напишала само еден стих и на него заработила огромна сума на пари.
Станува збор за песната „Зора ја“, која ја пее Неда Украден, а за која Марина напишала само еден стих – „Суза је из ока канула“.
Како што своевремено раскажа Неда, Марина Туцаковиќ за споменатиот стих заработила над 100.000 евра.
– Песната ми ја напиша Ѓорѓе Новковиќ и ние двајцата неколку пати се скаравме околу самиот наслов на песната. Прво ја викавме „Јоване, зора је“, па „Милане, зора је“. Последната и конечна верзија е „Зора је“. На крајот и се јавив на Марина Туцаковиќ која напиша само еден стих, а тоа е: „Суза ја из ока канула“. Нејзе тој стих и донесе повеќе од 100.000 евра – рече Неда во една популарна телевизиска емисија.
Песната „Зора је“ е испеана во осумдесетите години од минатиот век и се уште е популарна и предизвикува емоции кај публиката.