Сафари јакните ја одбележаа модната ера на шеесетите, а модните експерти најавуваат дека токму тие ќе загосподарат со оваа есенска сезона.
За сафари јакните велат дека се симбол на шеесетите години, а ги прослави легендарниот француски дизајнер Ив Сен Лоран.
На прв поглед потсетуваат на некогашните работнички јакни и кошули зошто оваа јакна со класичен крој поседува големи џебови и појас околу половината благодарение на кој јакната прилега на секоја фигура.
Јакната на пазарот главно може да ја пронајдете во кремаста, кафеава, сина и неизоставната црна боја, а кога станува збор за материјалот, најзастепен е платно, кожа и тексас.
https://www.instagram.com/p/B71NddBoN3O/
Модните блогерки и модни зависнички почнале да ја носат оваа јакна за која велат дека се вклопува со сеа, од спортски до елегантни изданија.
Јакната во сафари стил одлично се комбинира со фармерки и сите видови панталони, а ако ја искомбинирате со здолниште сте добиле феноменален деловен изглед.
https://www.instagram.com/p/CEeJCUAF3y_/?utm_source=ig_embed
Капутите секогаш се во мода, но ако ги прашате модните блогерки, сафари јакните се дефинитивно најомилена јакна оваа есен, а може да ја пронајдете во многу продавници низ град кои продаваат улични марки по цени од 1.500 денари па нагоре.