Ова е „најопасниот“ вид обувки кои предизвикува многу здравствени проблеми
Задолжително проверете дали сте купиле апостолки што се од докажан производител.
Познатито хирургот за нозе д-р Закари Вопел посочува дека постојаното носење на апостолки може сериозно да го загрози вашето здравје. Последици може да бидат болка во зглобовите, испукана кожа, фрактури и бактериски инфекции. Трчањето во нив може да предизвика пад со кршење на коски, пишува Решаревјури.
Затоа, лекарите советуваат претпазливост кај деца кои носат вакви влечки. Ако се носат подолго време може да ја промени позицијата на глуждот и со тоа да ја деформира положбата на вашето тело, како и проблеми со колковите и ‘рбетот.
Покрај тоа, постојат проблеми со хигиената бидејќи овие влечки се многу валкани и скоро целата површина на стапалото е изложена на нечистотија. На нив може да се најдат 18.000 различни видови бактерии, а да не зборуваме за габични инфекции. Затоа е препорачливо да ги миете нозете после секое носење и да ги носите само на плажа или базен.
Задолжително проверете дали сте купиле апостолки што се од докажан производител. За да бидете сигурни дека сте ги купиле, исправните секогаш свиткајте ги така што прстите и стаплото да се спојат.