Ова е најдоброто занимање – заработката е одлична, а дневното ниво на стрес МИНИМАЛНО!
Точниот дневен распоред се знае неколку дена однапред и тоа значително го намалува нивото на стресот
На самиот врв на листата меѓу најплатените работи со низок ниво на стрес е всушност стоматологијата.
Ова го покажа истражувањето на американската куќа „U.S. News & World Report“ според кои, иако стоматологијата како професија не е на првото место меѓу најплатените работи, во категоријата годишни примања и ниво на стрес убедливо се на првото место меѓу сите останати дејности.
Според најновите истражувања, работниците во оваа професија во Соединетите Американски Држави во просек примаат годишна плата од 225.760 илјади долари.
Како што наведува „Market Watch“, причината за првото место е во добрата организација на дневниот распоред. Имено, како и во повеќето медицински дејности, точниот дневен распоред е познат и неколку дена однапред што значително го намалува нивото на стрес. Исто така на намалувањето на стресот позитивно влијае и фактот што стоматолозите во просек имаат многу мал број итни интервенции, за разлика од хирурзите, па и докторите од другите области.
Оваа работа во последно време е популарна и во Македонија, а воедно е и добро платена.