Иако е тешко да се збогуваме со топлите, летни денови, сигурно е дека веќе полека треба да ги засукуваме ракавите за омилениот период – подготовките за зимската сезона.
Еден од задолжителните специјалитети ги поцрвенува полиците во многу домови, а тоа е токму ајварот.
Есента и зимата не можат да се замислат без ајвар, а бидејќи пиперката се користи во повеќето зимски рецепти, важно е таа да биде квалитетна.
Вистинскиот ајвар се прави од печени пиперки, масло, сол и шеќер. Во принцип, таму не се додава ништо друго, но ако сакате да биде позачинето, можете да додадете лута пиперка. Изберете црвена, права и долга, со правилна форма. Треба да биде што е можно посува, т.е. во месестиот дел од пиперката не смее да има многу вода.
Но, подготовката на овој традиционален специјалитет има и еден многу досаден дел, поточно лупењето на печените пиперки. Тоа може да потрае и е многу „напорно“, но има многу поедноставен начин на кој можете да го направите тоа.
Имено, доколку подготвувате ајвар од печени пиперки, подгответе пластична кеса.
Кога пиперките се готови за вадење од ринглата, ставете ги во кеса и почекајте речиси сами да се лупат поради пареата што ќе се создаде при затворање на кесичката.
Чувајте ги околу 10 минути, што е доволно за да омекне кората и да ви го направи овој процес многу полесен и поубав, пишува Ona.rs.