Реклама
Наши ѕвезди

Ова е најбогатиот фолкер во Македонија – само во Австралија има три стана, но срцето му е тука

Тој е еден од нашите најпознати фолк-пејачи и еден од омилените на нашите иселеници низ светот

Реклама

Благојче Стојановски Туше важи за еден од најпознатите фолк пејачи како во Македонија, така и за нашинците во дијаспората.

Тој е поприлично познат и на социјалните мрежи каде речиси секојдневно ги развеселува своите фанови со негови песни.

По потекло е од Ресен и преспанскиот регион, но роден е во Австралија, па затоа оваа прекуокеанска земја е посебно поврзан.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Благојче Стојановски Туше

Но како што вели и самиот, и покрај тоа што е роден во Австралија, неговото срце е во Македонија.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Благојче Стојановски Туше

Не планира да си замине и покрај тоа што досега имал милион можности да го направи тоа, односно да замине заедно со сопругата и семејството, тој реши да остане во својата татковина, поблиску до родителите, и на тој начин да им помогне во староста, но и да им овозможи да имаат повеќе можности да се радуваат на своите внучиња.

Фото: Фејсбук/ Благојче Стојановски Туше

Како пренесуваат нашите медиуми, Туше од музика заработува поприлично добро и важи за еден од најбогатите музичари.

Фото: Фејсбук/ Благојче Стојановски Туше

Во негова сопственост има неколку недвижнини, а наводно покрај имотот што го поседува во Македонија, како и неговиот автомобил од приближно 100.000 евра, Туше има неколку недвижнини и во Австралија кои вредат голема сума на пари.

Фото: Фејсбук/ Благојче Стојановски Туше

Овие информации за него неодамна ги објави порталот ЕстрадаПлус кои за него велат дека е еден од најбогатите фолкери во нашата земја.

Фото: Фејсбук/ Благојче Стојановски Туше

И како што и самиот милува да истакне, сé што создал во животот создал од музика, но и целосно и е предаден и за неа живее.

Не крие и дека заработува големи хонорари од настапите, па во една пригода запрашан дали некогаш заработил повеќе од 5000 евра за една вечер, Туше вели дека кога настапувал надвор од Македонија настапувал и за поголема сума од оваа, не толку често, но сепак се случувало да заработи и поголем хонорар.

Фото: Фејсбук/ Благојче Стојановски Туше

Инаку, Туше е еден од оние пејачи кои постојано работат на својата кариера, на снимање нови песни или пак нови видеа.

Фото: Фејсбук/ Благојче Стојановски Туше

Тој тоа го правеше и кога музиката се слушаше на касети и дискови, но активен е и денес на социјалните мрежи.

Фото: Фејсбук/ Благојче Стојановски Туше

На неговата Фејсбук страница постојано споделува видеа со неговите песни, а многу од нив се големи хитови.

Фото: Фејсбук/ Благојче Стојановски Туше

Туше со музика започна да се занимава кон крајот на 80-те и почетокот на 90-те години, а неговите песни од тоа време и ден-денес се слушаат како во Македонија, така и во дијаспората.

Фото: Фејсбук/ Благојче Стојановски Туше

Фото: Фејсбук/ Благојче Стојановски Туше

Некои од неговите најголеми хитови слушнете во продолжение…

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button