Реклама
Вирално

Ова е нашиот мелек без крилја – додека целата болница се тресе од ЗЕМЈОТРЕСОТ, медицинската сестра им помага на децата

Реклама

„Оваа медицинска сестра, таа е нашиот мелек (ангел) без крилја“ пишуват за неа…

Фото: Принтскрин/ Твитер

Со овие зборови деновиве турските медиуми и цела Турција ја нарекуваат медицинската сестра Шејме Алакуш.

Шејме работи во болницата во Газијантеп, град во јужна Турција кој беше погоден од разорниот земјотрес.

Маркетинг

Имено, Шејме за разлика од своите колеги отишла до одделението каде биле децата и ги разбудила.

Децата благодарение на неа останале живи.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Твитер

Медицинската сестра Шејме Алакуш која работи во болницата во Газијантеп, наместо да избега за време на земјотресот го ризикуваше животот за да ги евакуира најмладите пациенти“, пишува ТРТ Хабер.

Медицинската сестра таа вечер била дежурна во болницата за време на разорниот земјотрес што ја погоди Турција.

Фото: Принтскрин/ Твитер

Но наместо да мисли само на својот сопствен живот, како многу други, таа ќе ги стави пациентите пред својот живот.

Фото: Принтскрин/ Твитер

Во прашање е сестра која што работи на педијатриското одделение во болницата во градот Газијантеп.

Фото: Принтскрин/ Твитер

Како што ја забележале и камерите од болницата, таа откако ја извадила првата група, се вратила во болницата да им помогне и на останатите.

Фото: Принтскрин/ Твитер

Овие моменти се забележани од камерите на болницата.

Шејме подоцна за турските медиуми изјави дека тоа не е ништо и дека и било задоволство пто им помогнала на девата.

Фото: Принтскрин/ Твитер
Фото: Принтскрин/ Твитер

„Се’ би направила исто, совеста ми е чиста“, вели таа.

Таа открива дека кога прв пат го почувствувала потресот, помислила на пациентите и сакала да ги спаси.

Фото: Принтскрин/ Твитер

„Дури и да не можев да ги спасам, ќе бев со нив. Го знам момчето што беше на моето одделение. Беше пациент што постојано го проверував. Тие им се доверени прво на Господ, а потоа на нас. Мораме да бидеме со нив без разлика на сé. Тој ден постапив со својата совест и го послушав срцето. Сé направив бидејќи така сакав. Тоа би го направила повторно“, раскажува Алакуш.

Таа откако ги спасила овие деца, се вратила и по останатите што останале во болницата. Во една соба имала пациент со ортопедски помагала по кого се вратила. Откако го изнела надвор, таа се вратила и на интерното одделение на вториот кат каде биле сместени возрасни пациенти.

Фото: Принтскрин/ Твитер

Инаку, во земјотресот бил оштетен и нејзиниот дом во кој што живеела со нејзиното седумчлено семејство.

„Мојата куќа е оштетена. Имам седумчлено семејство. Мораа да заминат во Бурса, а јас останав за да продолжам со должноста“.

„Надежта секогаш постои, сведоци сме на тоа. Има надеж за сите нас“, вели таа додавајќи дека поминуваат низ тешко време, но и дека се надева дека ќе ја пребродат оваа тага.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button