Ова е нашата ХЕРОИНА од Инфективната клиника: Виолета ја извади маската и го покажа лицето
Виолета Огњанова работи на Клиника за aнестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), а сега е дел од Инфективната клиника во Скопје.
Таа во својот Фејсбук статус упати порака кон сите:
„Сите заедно, докторите, медицинските сестри и сите здравствени работници работиме изложени на најголем ризик од инфекција со Ковид-19. Особена чест за секој млад доктор претставува довербата што ни ја дадоа нашите искусни колеги и ни дозволија да се вклучиме со целата наша енергија и стекнато знаење во битката за справување со најтешкиот вид на компликации од коронавирусот.Посакувам секој млад доктор кој се чувствува спремен да ни се придружи во оваа борба која ни ја приреди невидливиот непријател. Се надевам ќе се справиме со него најуспешно што можеме, ќе ги намалиме загубите во човечки животи и ќе успееме успешно да ги закрепнеме заболените. Ви благодариме на сите за подршката, убавите зборови и надежта што ни ја давате да истраеме и во најтешките мигови кога стануваме исцрпени, беспомошни и разочарани кога губиме човек!Верувајте во нас, бидете умни и почитувајте ги препораките на здравствените власти. Дозволете да ја исполниме нашата задача за која со љубов учиме и работиме. Затоа, ве молам СЕДЕТЕ ДОМА“ .
СЗО се согласи во врска со заштитните маски
Официјални лица на Светската здравствена организација (СЗО) во понеделникот соопштија дека сепак препорачуваат луѓето да не носат маски за лице, освен ако не се заразени со корона вирус или не се грижат за некој што веќе е болен од оваа болест, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Директорот на СЗО за управување со вонредни состојби Мајкл Рајан изјави дека носењето маски за лице, доколку се користи неправилно, може да направи повеќе штета отколку добро во борбата против ширењето на новиот корона вирус. Рајан повтори дека СЗО верува дека тие треба да ги носат само оние кои се болни за да не го шират вирусот и здравствени работници на кои им требаат најмногу.
„Нема конкретни докази кои сугерираат дека носењето маски на кој било начин е од каква било корист, всушност, има спротивни докази за тоа“, рече Рајан.
Исто така, има глобален проблем со недостаток на маски и други медицински материјали. Луѓето со најголем ризик се здравствените работници кои се изложени на вирусот секоја секунда и секој ден. Мислата дека нема доволно маски за нив е ужасна“, изјави тој.
Епидемиологот Марија Ван Керхове исто така изјави дека е важно „да се даде предност на употреба на маски од страна на оние на кои им е најпотребно“, што на прво место би биле здравствените работници.