Ова е МАЈКАТА на Анета Молика – пејачката никогаш не криела дека таа е нејзината најголема поддршка во животот

Македонската пејачка на фолк музика Анета Мицевска јавноста ја знае како Анета Молика затоа што повеќе од 20 години насекаде настапува со истоимената група.
Таа е македонскиот славеј со кој сите се гордемее.

Мелем за уши и душа, но секако и за очи е да се присуствува на нејзините настапи.
Таа е една од ретките која може да се пофали со неверојатен глас, но за жал поради пандемијата сѐ помалку ја слушаме.
Пејачката е една од најплатени и најангажираните на македонската музичка сцена. Не постои песна ниту жанр на музика кој не ѝ лежи.

Зад себе има богата кариера и многу хитови. Но, публиката најмногу ужива во нејзините изведби и обработки на старите македонски песни.
Нејзина најголема поддршка во животот е нејзиното семејство.
Нејзината мајка Лилјана е најгорда на успесите н својата ќерка и на социјалните мрежи постојано споделув настапи од Молика и Анета.

Лилјана не се експонира во јавност, но секогаш пружа поддршка за сојата ќерка преку социјалите мрежи.
Во интервју за Свет Австралија таа раскажа многу детали за нашата популарна пејачка кои сите ние не ги зневме.
Лилјана откри дека Анета уште на 3-годишна возраст покажувала знаци дека ќе стане успешна пејачка.

Она што е интересно е тоа дека Лилјана по професија е шнајдерка и токму таа е задолжена за изгледот на пејачката на одредени случувања.
Лилјана ја следела Анета на сите настапи и гостувања додека била малолетна, а откако пејачката веќе била доволно зрела за сама да се пробива н сцената, Лилјана одлучила да го бодри своето дете од позадина.

Во брачните води, Анета и Џими пловат 18 години, а претходно биле 2 години во љубовна врска.
Во едно сое интервју пејачката кажа дека нивната љубов е цврста и силна како и првиот ден.

-Најискрена ќе бидам. Јас сум пресреќна со Џими иако сме 16 години во брак и една година бевме во врска, значи 17. Љубовта кај нас се уште постои исто како да сме на почетокот. И што е најважно од се ние имаме разбирање и покрај тоа што сме заедно 24/7. Му благодариме на Господ што до сега во ниеден сегмент од нашето живеење ништо не ни е досадно, изјави Анета.

Нејзината мајка мислела дека откако пејачката ќе се омажи дека ќе заврши нејзината кариера, но Џими ја убедил во простивното и ѝ рекол:
-„Сега уште повеќе ќе пее! Ќе направам од неа ѕвезда“ Сакам да му се заблагодарам затоа што го одржа ветувањето. Со негова помош Анета е она што е сега – вели Лилјана.

Најголемо богатство и круна на љубовта на Џими и Анета е нивнта ќерка Моника, со која гордата мајка постојано објавува а социјалните мрежи.
Она што може да се забележи е тоа дека Моника е вистинска убавица, која својата убавина очигледно ја има наследено од својата мајка и неверојатно многу потсетува на Анета

Освен што физички потсетува на својата мајка, Моника исто така го наследила талентот за музика од своите родители. Но, сепак не сака да се занимава со музика професионално. Таа учи да стане стоматолог.
Она што ѝ претставува тешкотија, а е дел од професијата на Анета, е моментот кога поради работните ангажмани и патувања мора да се одвои од својата убавица. Но, човек понекогаш може да направи некаква жртва за да ја достигне зацртаната цел.

Пејачката откри кој најмногу ѝ помага при воспитувањето на ќерката.
-Воопшто не ми е лесно. Но, за секоја една работа мора да постои жртва. Во нашиот случај тоа е нашата ќерка Моника. За среќа тука се моите родители, кои се грижат за неа исто како што би се грижела и јас. Многу ми недостасува бидејќи постојано сме на пат. Но, сите имаат разбирање за нашата работа“ изјави пејачката во едно интервју.
Освен за пеење, Моника се чини дека е талентирана и за готвење.

Пејачката објави фотографија на Инстаграм стори каде нејзината ќерка Моника умешно подготвува јадење и во описот напиша „Кој си знае, си знае“.
Дали Моника освен што знае да направи вкусни палачинки или знае да подготви уште вкусни работи не можеме да знаеме, но знаеме дека Анета и Моника го користат секој момент да уживаат заедно и да го негуваат нивниот однос не само како мајка и ќерка туку и како вистински другарки.
Анета на Инстаграм сподели и стара фотографија на која Моника е бебе, со која ги разнежни сите.
„Спомени од срце“, напиша во оспиот на фотографијата.

Дека пејачите воопшто не заработуваат лошо доказ Тие често за време на пандемијата одеа во живо на социјалните мрежи.
При едно снимање тие ги отворија вратите од својот дом и покажаа како им е наместено дома.

Софистицирано и со стил. Пејачката покажа и каква домаќинка е.


Освен музиката, буетот во семејството го полни и нивниот семеен бизнис, ресторанот кој се вика „Вила Молика“ и се наоѓа во населба Довлеџик, на патот кон Брусничка населба во Градот на конзулите, а на свеченото отворање беа присутни бројни познати имиња од нашата естрада.
Самиот Џими истакна дека ресторанот е направен со пари од музиката и затоа во него секогаш ќе има музика.

















