Реклама
Новости

Ова е малиот херој Лазар кој ја ПОБЕДИ ЛЕУКЕМИЈАТА – емотивната исповест на таткото ги расплака сите

Емотивна исповест на пејачот од „Никогаш не е доцна“ чиј син ја победи тешката болест

Реклама

„Имам чувство дека тој сите ќе не победи, животот е пред нас па ќе видиме, само тој нека е жив и здрав“.

Мирослав Мишиќ Мијо (45) ги разнежни сите кога во „Никогаш не е доцна“ зборуваше за својот двегодишен син Лазар кој речиси цела година во една клиника се лечеше од леукемија.

Малиот херој се појави и во емисијата, а Мијо ги израдува сите со веста дека Лазар излегол од болницата и дека ја победил болеста.

Маркетинг

Фото: Гранд.онлајн

Имено, малиот Лазар дојде директно во студиото каде беше најголема поддршка за неговиот татко, но пријатно ја изненади и публиката.

Маркетинг

„Морам да го поздравам мојот другар Лазар, молам аплауз за него“ изјави емотивно водителот Жика Јакшиќ и го претстави малиот кој дојде заедно со неговата мајка во грандиозното студио на „Гранд“ да го поддржи својот татко кој влезе во овој натпревар за да се бори за својот син.

Фото: Гранд.онлајн

„Лазар, фала му на Господ, е здрав, убав и весел. Ех, срце мое убаво“, констатираше Жика додека Лазар цело време испраќаше бакнежи кон сцената до својот татко.

По емисијата, таткото на Лазар пред камерите зборуваше искрено за него, но и за болеста што Лазар успеа да ја победи.

Принтскрин/ Прва ТВ

„Имам чувство дека тој сите ќе не победи, животот е пред нас па ќе видиме, само тој нека е жив и здрав. Лазар се уште нема полни три години“, изјави Мијо пред камерите додека го држеше синот во рацете.

Принтскрин/ Прва ТВ

Тој со солзи во очите призна дека во емисијата ги покажал сите свои емоции и дека не можел да го задржи солзите додека пеел.

Принтскрин/ Прва ТВ

Зборуваше и за својот успех и дека се надева на финале, а за својот син кој пред само неколку недели излезе од болницата каде што беше со неговата сопруга, пејачот вели дека сега сите коцки полека се враќаат на место во семејствоти, не оставајќи никого рамнодушен со својата приказна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button