Ова е луксузниот дом во кој живее Ана Севиќ со нејзиниот сопруг и трите деца: Има златен гардаробер и базен од 50.000 евра!
Ана ужива во семејниот живот...

Aна Севиќ по разделбата од Дарко Лазиќ со кој ја има ќерката Лорена започна врска со Даниел Недељковиќ со кого неколку години е во хармоничен брак.
фото инстаграм/Aна Севиќ
Пејачката од вториот брак ја има ќерката Сена и синот Симеон. Со нив живее и Лорена а домот на Ана Севиќ е дефиниција за луксуз.
фото инстаграм/Aна Севиќ
Пејачката е перфекционист и размислуваше за сите детали. Во домот главно доминираат светли тонови, а ѕидовите се украсени со уметнички слики.
фото инстаграм/Aна Севиќ
Сепак, централно место за уживање на ова семејство е базенот, со кој Даниел ја почестил сопругата кога таа ги родила неговите деца.
фото инстаграм/Aна Севиќ
– Ана отсекогаш сакала да има спа центар во својот дом, а Даниел уште пред да се породи почнал да работи на луксузен стан во Врачар. Се трудел се да биде направено додека Ана не излезе од болница, а се проценува дека за тој луксуз платил речиси 50.000 евра – изјавил пред извесно време извор близок на пејачката и истакнал дека на Ана најмногу и се допаѓа златниот гардаробер, бидејќи модата е нејзина голема страст