Наши ѕвезди

Како од бајките – погледнете ја семејната куќа на Цеца во нејзиното родно село (фото)

Advertisement

Цеца пред повеќе од две децении во Белград дојде од Житораџе

Advertisement

За животот на Цеца се знае буквално сé. Таа брзо прерасна од мало девојче од Житораџе до 90-тите кога нејзината кариера ги надмина очекувањата на сите. Потоа следуваше свадбата со Аркан која и донесе многу голема слава благодарение на презимето кое што го носи и денес, и со кого доби две деца – ќерката Анастасија и синот Вељко.

Цеца секогаш со гордост зборувала за своето родно село, а сега на Инстаграм сподели и неколку фотографии и снимки од семејната куќа во која пораснала. Во прашање е мала општина со нешто повеќе од 3000 жители во Јужна Србија каде што Цеца ја реновираше куќата во која што некогаш живеела со родителите. Куќата денес е на повеќе катови.

Advertisement

Луксузната вила вреди цело богатство, а пејачката деновиве го посети своето родно место и на Инстаграм се пофали со фотографии од таму.

Вилата денес изгледа како вистински дворец – големи прозори, неколку тераси и многу зеленило во раскошниот двор. Погледнете!

Инаку, Цеца неодамна заврши и со реновирање на делот со базенот во својата луксузна вила на Дедиње во која живее со години, со што неодамна се пофалил и нејзиниот син Вељко на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Цеца и Вељко Ражнатовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button