Ова е еден од најпопуалрните трендови на кој не можеше да му одолее ни прекрасната прва дама Меланија Трамп
Меланија Трамп организираше голема забава во Белата куќа за празникот Ноќ на вештерките и угости бројни деца на кои им подели слатки.
Меланија и Доналд Трамп им даруваа на подароци на најмладите, а за оваа пригода убавата прва дама носеше долг капут со кариран дезен во комбинација од жолта и сива боја и со потписот на модната куќа „Bottega Veneta“.
48 годишната поранешна манекенка изгледаше беспрекорно како и секогаш, а покрај капутот кој важи за еден од најпосакуваните модели за оваа сезона носеше елегантни црни лакирани салонки од „Manolo Blahnik“.
Карираните дезени се популарни веќе неколку сезони по ред, а покрај неодоливите сакоа со овој дезен, оваа зима ќе биат мошне популарни и карираните капути кои веќе им се омилени на бројни познати модни блогерки.