Ова е вистинското лице на Цаци од ТВ Сител – еве како водителката изгледа кога ќе се изгаснат камерите
Без шминка и филтри, но со очи полни со љубов
Еве како изгледа водителката без шминка, во природно издание
Навикнати сме нашите познати дами да ги гледаме целосно нашминкани и дотерани од глава до пети, но Славица сега го покажа своето „вистинско лице“.
Имено, нејзиниот партнер Александар Спасовски објави фотографија на која се заедно, а многумина забележаа дека убавата водителка на неа нема ни грам шминка, ниту пак ги користела филтрите за разубавување.
Водителката сега го покажа својот природен изглед, а многумина коментираа дека блеска посебно кога е во друштво на саканиот.
Инстаграм/ Славица Арсова
Нивното „Те сакам“ го слушна целиот Балкан!
Потсетуваме, Славица и Александар се во брак од 2012 година, кога се роди и нивната ќеркичка на која и го дадоа името Мила.
Истата година се случи и запросувањето кога Александар по две години врска реши да ја побара својата сакана за жена и тоа додека известуваше за студеното време на вестите во Сител, а за овој романтичен момент тогаш зборуваше целиот Балкан.
Фејсбук
Александар тогаш имаше 27 години и во еден момент откако ја заврши репортажата, ја запраша својата колешка.
„Студио, има ли уште прашања?“, го заврши своето известување Александар, онака како пто тоа го првел и секогап претходно по што Цаци му одговори.
„Нема, ти благодарам колега“, му одговори Цаци, но тогаш следуваше и вистинскиот шок, како за неа, така и за гледачите.
Принтскрин/ Јутјуб, Сител
„Тогаш, имам јас. Сакаш да се омажиш за мене?“ ја праша новинарот колешката по што го извади прстенот од својот џеб.
Фејсбук
Оваа снимка тогаш стана вирална и се најде во многу медиум во регионот, а Цаци тогаш во една пригода ќе открие:
„Се запознавме на телевизија. Само што се вратив од Америка, а Александар тукушто се вработи… Штом го видов, ми се допадна. Се сеќавам, беше срамежлив, па морав да преземам иницијатива, всушност јас него го избрав“, зборуваше тогаш уредничката на вестите на најгледаниот медиум во Македонија.