Вирално

Ова европско жариште на короната се соочува со нова катастрофа: Побараа помош и од полицијата и од војската

Advertisement

Властите во Мадрид сакаат да ангажираат уште лекари и да побараат итна помош од шпанската војска и полиција во борбата против вториот бран инфекции од коронавирус кој би можел да ги принуди на нови ограничувања на слободата на движење.

Advertisement

Шпанската престолнина бара од владата да ги ублажи прописите за да може да вработи дополнителни 300 лекари надвор од Европската унија, изјави потпретседателот на мадридскиот регион Игнасио Авгадо.

Мадрид сака централните власти да подигнат воени шатори како импровизирани објекти за тестирање од корона, војниците да ги дезинфицираат јавните зграда и 222 припадници на националата полиција да бидат распоредни до понеделник за да помогнат во спроведувањето на карантионот и ограничувањата во погодените подрачја.

Advertisement

– Ситуацијата не е добра, ниту во Шпанија, ниту во Мадрид – рече Авгадо на конференцијата за новинари.

Во Мадрид во последните 14 дена регистрирана е стапка од просечно 772 заразени на 100.000 жители, речиси три пати повеќе од националниот просек кој изнесува 287.

Речиси 860.000 жители на Мадрид ќе мора да го правда патувањето од 37 квартови, во кои главно живее работничката класа, па се жалат дека ограничувањата ги стигматизираат сиромашните.

Меѓутоа, соочена со голем пораст во регионот во кој живеат 6,6 милиони луѓе, регионалната влада размислува за проширување и на тие други подрачја, изјави заменик министерот за здравство на Шпанија Антонио Сапатеро.

Според неговите зборови, конечна одлука за новите рестрикции ќе биде соопштена во петок.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button