Познатиот пејач со овие информации ги изненади сите
Еден од најплатените и најпознатите пејачи во регионот, Здравко Чолиќ, гостуваше во емисијата на Оливера Ковачевиќ каде откри неколку детали од неговиот живот кои досега беа непознати за пошироката јавност.
Имено, тој пред водителката откри дека по снимањето на првиот албум „Ти си ми во крвта“, кој важи за еден од најуспешните албуми на овие простори, развлекувал телефонски кабли.
Во тоа време, по снимањето на албумот, решил да ја промени професијата и заедно со негов пријател започнал бизнис во ПТТ секторот. Тој и неговиот ортак од Загреб почнале да развлекуваат кабли по домовите, да поставуваат „телефони двојници“ кои во тоа време беа мошне популарни.
„Беше тоа одлична работа, но ние секогаш доцневме по една нота од другите. Некако музиката како цело време да ми зборуваше ‘не си ти за оваа работа’“, изјави во шега Чолиќ во емисијата. Тој објасни дека со ова се занимавал четири години и дека пред војната пукнало се’.
Се вратил во Сараево и таму најмногу му помогнал Горан Бреговиќ кој го убедил да и се врати на музиката.