Реклама
Вирално

„Ова досега го немам видено“, познат доктор предупредува: Ако ги почувствуваме овие симптоми веднаш да се јавиме во болница!

Реклама

„Сите оние што во моментов се во тешка состојба, сите чекале да му се јават на докторот неколку дена и сите во главно задоцниле, најверојатно во страв од болницата“ вели докторот Несторовиќ.

Имам 65 години и повеќегодишно искуство, досега се имам видено, но никогаш не сум доживеал вонредна состојба, вели за телевизија Пинк докторот Бранимир Несторовиќ, познат пулмолог и алерголог од Србија.

Маркетинг

Тој истакнува дека статистиката, како и светската статистика, покажува дека новиот корона вирус Ковид 19 е најфатален за постарата популација, како и за оние кои се со хронични заболувања, и дека токму тоа е причината зошто тие најмногу треба да бидат заштитени. Според него, Србија во овој момент е во третата, најкритичната и најопасната недела истакнувајќи дека следната недела ќе биде напорна, посебно за здравствените работници, како и за оние што вршат тестирање на КОВИД-19.

Во неговата земја се почнува со масовно тестирање кое ќе покаже дека бројот на заболени е далеку поголем од пријавениот. Досега се тестирале болните луѓе и нивните контакти, но има и такви, кои немаат практично никакви симптоми, но пренесуваат зараза.

Маркетинг

„Кога ќе започне масовното тестирање, бројот нагло ќе се зголемува, но тоа не значи дека сме во опасна ситуација. Напротив, ние сме на крајот од епидемијата и една од последните држави во кои се појави епидемијата. Пред нас е убаво време, имавме доволно време да се подготвиме, имаме повеќе респиратори од Англија, Италија или Франција“, вели овој доктор.

Кога се во прашање симптомите кои се јавуваат по кашлањето и температурата, докторот вели дека епидемијата е чудна, но и дека податоците покажале дека повеќето луѓе ги имаат следните симптоми – температура, кашлица, болка во грлото, солзење на очите.

„Температурата веќе е симптом заради кој морате да се подготвите и изолирате. Околу петтиот или седмиот ден од болеста најчесто се јавува тешко дишење, болки во градниот кош, и тогаш задолжително мора да се јавите на доктор и тоа е моментот кога може да се случи дека се развило воспаление на градите. Тогаш следува лекување“, вели докторот Несторовиќ.

Важно е да се издвојат оние со благи симптоми (кивање и кашлање) од останатите.

„Оние земји што тестираа многу, Кореја, Кина и слично, ги завршија епидемиите добро. Мораме да се бориме да не чекаме пациентите да не доаѓаат во голем број, туку да ги откриеме сами во првите фази од болеста. Сите оние што во моментов се во тешка состојба, сите чекале да му се јават на докторот неколку дена и сите во главно задоцниле, најверојатно во страв од болницата“, вели докторот Несторвиќ и додава дека така многу време е изгубено.

Ризичните групи реално е секој преку 50 години, но и тогаш смртноста е мала, додека смртноста кај оние над 65 се зголемува. Од друга страна децата ретко се заболуваат и речиси да нема смртност меѓу нив, па така во Кина е забележан само еден смртен случај кај децата, и тоа најверојатно во прашање е дете со хронично заболување.

Но ако нема смртност, тоа не значи дека нема да се зарази од коронавирус и дека нема да мора да оди во болница. И секако, тоа значи дека може да го пренесе вирусот и на постарите, предупредува овој познат доктор.

Извор: Пинк.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button