Реклама
Вирално

Ова девојче се породи и стана мајка на 13 години – бременоста ја криеше, а таткото на бебето направи нешто грозно (видео)

Реклама

Преплашеното девојче, како што го нарекоа руските медиуми, стана Јутјуб ѕвезда кога на својот канал раскажа дека и покрај тоа што и самата е дете, на 13 години станала мајка, и како бременоста ја криела од своите родители.

Фото: Јутјуб

Полина Фетисова денес има 16 години и вели дека за ништо од она што го направила досега не жали, пишува „7 News“.

Таткото на нејзиното дете откако му кажала дека е бремена, веднаш ги прекинал сите контакти со неа и ја нарекол – ку*ва.

Маркетинг

„Веднаш ме блокираше на сите социјални мрежи и ми кажа дека не го интересирам“, вели младата девојка за момчето.

Неверојатно е тоа што никој во семејството не се посомневал дека е бремена и тоа до 35-та недела. Како што вели таа, сите членови во нејзиното семејство природно се полнички, па никој не се посомневал дека носи дете.

Маркетинг

„Се плашев од реакцијата на моите родители и не знаев дали детето е добро. Плачев секоја ноќ“ беше искрена во својата исповест младата девојка која денес се грижи за својата ќерка со помош на својата мајка.

Мојата мама сфати дека сум бремена еднаш кога ме гушна. Бебето клоцаше и таа го почувствува ударот. Веднаш ме однесе на гинеколог, се сеќава Полина.

 

По три недели таа се породила, а нејзината мајка и помогна да му изберат име на девојчето. Тоа го доби името Илијана.

Потоа се школуваше од дома за да го избегне малтретирањето од врсниците. Денес заработува од својот канал на Јутјуб, а парите ги штеди за да се школува за фризерка.

Поврзано

Back to top button