Деветгодишната Дејзи-Меј Деметре од Бирмингем доби повик за кој не ни сонуваше.
И покрај тоа што двете нозе и беа ампутирани како бебе, таа беше поканета да биде модел на Модната недела во Њујорк. Деметре е родена со состојба на фибларна хемиелија, вродена дефект, поради што и двете нозе биле ампутирани на 18 месеци.
Сепак, тоа не ја спречи да го оствари својот сон. Решена да стане модел, Деметри веќе има носено неколку ревии, а сега ќе отпатува за Њујорк бидејќи е прогласена за амбасадорка за детскиот бренд кој ќе има ревија на оваа важна модна манифестација.
„Без разлика дали танцува или пее, што и да прави, секогаш е посебна“, изјави нејзиниот татко Алекс за Си-Ен-Ен. Деметре ќе ја прошета пистата на 8 септември, а со оглед на позитивната енергија што ја зрачи, не се сомневаме дека таа ќе го украде целото внимание.