Ова девојче денес е една од најпознатите пејачка во Македонија – цел свет зборува за неа, а ова беше нејзината прв настап (видео)
Таа денес важи за една од најпознатите и најдобрите пејачки во Македонија, а еве и зошто…

На штипскиот фестивал Макфест се имаат појавено бројни ѕвезди од регионот, но и многу пејачи кои денес се познати ја започнаа својата брилијантна кариера токму од ова место. Меѓу нив можеме да ја вброиме и нашата Тамара Тодевска која уште во далечната 1991 година настапи на овој музички фестивал заедно со сестрите Маријана и Росана.
Тамара тогаш имаше само шест години и заедно со сестрите ја отпеа песната „Љубов“ со која го освоија петтото место.

Иако малата Тамара можеби не потсетува на пејачката Тодевска каква што денес ја познаваме, нејзиниот неверојатен талент можеше уште тогаш да се насети.
Погледнете ги видеото…
Инаку, Тамара деновиве е мошне популарна и тоа не само во нашата земја, туку и многу пошироко поради нејзиниот брилијантен настап на Евровизија со кој го освои седмото место. Таа според гласовите од жирито беше прва (откако се коригираше неправдата што и беше нанесена поради грешка во гласањето!), но подоцна, поради гласовите од публиката заврши на осмото, односно седмото место.
Но како што вели и самата, презадоволна е од резултатот кој воедно преставува и најдобриот успех што нашата земја го постигнала досега на овој музички фестивал.
Па еве да се потсетиме како се случи тоа…