Реклама
Вирално

Ова го немаше во преносот: Тоа што Ноле го направи по финалето е НЕВЕРОЈАТНО – еве кое е момчето што му го даде рекетот!

Реклама

За реакцијата на момчето зборува целиот свет

Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ

По финалето во Ролан Гарос во кое Новак Ѓоковиќ маестрално триумфираше над Стефанос Циципас се случи една од најубавите приказни во историјата на овој турнир.

Српскиот ас рекетот со кој ја освои 19 гренд слем титулата го подари на едно момче, кое беше толку воодушевен што сцената го заобиколи светот.

Маркетинг

Потоа на конференцијата за медиумите го прашаа најдобриот светски тенисер кое е момчето, тој одговори:

Фото: Принтскрин

„Не знам кое е детето, но цело време го слушав. Ме бодреше кога губев 2:0. Дури ми даваше и совети за време на мечот, како тренер. ха-ха. Тој беше најдобриот избор, сакав нему да му го дадам рекетот бидејќи ме поддржуваше во текот на целиот натпревар“, истакна Ѓоковиќ.

Маркетинг

Реакцијата на момчето ќе се памти

По завршувањето на мечот, Новак му се доближи на момчето и му го подари рекетот со кој ја освои 19 гренд слем титула во кариерата. Радоста што во тој момент ја почувствува момчето не може да се опише со зборови. Најдобро е да погледнете и да видите каков крал е Новак.

Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин

Повеќе од сигурни сме дека овој момент момчето ќе го памти целиот живот, а и публиката ќе ја памти неговата реакција.

Инаку, Новак Ѓоковиќ до својата втора Гренд слем титула во Париз, и дури 19 во фантастичната кариера, стигна победувајќи го дебитантот во големото финале, грчкиот тенисер Стефанос Циципас.

На почетокот изгледаше дека Ноле ќе биде подобар, но тоа не траеше долго. тој изгуби два сета, делуваше како да тоне, но…

Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ

Ноле немаше да биде Ноле ако не заблескаше и тоа токму во моментот кога најмногу требаше да го направи тоа.

Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ

Целото финале беше мошне интересно, достојно да влезе во историјата на гренд слем турнирите.

Фото: Инстаграм/ Стефанос Циципас

Кој е Стефанос Циципас

Стефанос Циципас е најуспешниот грчки тенисер на сите времиња. Роден е во Атина, на 12 август 1998 година.

Фото: Инстаграм/ Стефанос Циципас

Професионалната кариера ја започна во 2016, неговиот најдобар пласман во сингл на АТП листата е четврто место, што го прави најдобриот грчки тенисер во Опен ерата. Најдобриот резултат во гренд слемови има остварено во финалето во Ролан Гарос 2021. На турнирите од Мастерс 1000 сериите ја има освоено титулата во Монте Карло 2021.

Фото: Инстаграм/ Стефанос Циципас

Тој е син на Апостолос Циципас кој го тренира и го следи на турнирите, а мајка му е поранешната руска тенисерка Јулија Салникова Циципас. Неговиот дедо, Сергеј Салников, бил советски фудбалер и тренер.

Фото: Инстаграм/ Стефанос Циципас

Има сестра Елизавет, двајца браќа, Петрос и Павлос кои исто така тренираат тенис.

Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ

Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ

Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ

Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ

Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ

Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ

Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ

Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ

Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ

Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ

Поврзано

Back to top button