Ова беше посебен ден за Мишел Трајковски, еден од најпознатите млади музичари во Македонија (фото)
Тој му е кум на својот колега и другар од школските клуби
Познатиот музичар се огласи на социјалните мрежи
Нашиот познат хармоникаш Мишел Трајковски деновиве се огласи на социјалните мрежи и сподели преубава вест.
Имено, тој сподели неколку фотографии од ќеркичката на нашиот познат фолк-пејач Дамјан Стојаноски, а причината беше посебна.
На наследничката на пејачот и беше роденден, а Михаил како нивен кум беше пресреќен што присуствува на еден ваков настан.
Инстаграм/ Мишел Трајковски
Фотографија од роденденската прослава на својата ќеркичка објави и самиот Дамјан, а под и го честиташе роденденот.
Инстаграм/ Мишел Трајковски
Потсетуваме, Мишел важи за еден од нашите најдобри хармоникаши од помладата генерација, но и миленик на женската публика.
Инстаграм/ Мишел Трајковски
Кога ќе засвири на својот инструменти, сите ги крева на нозе, а има соработувано со нашите најголеми музички ѕвезди.
Инстаграм/ Мишел Трајковски
Што се однесува до неговото кумство со Дамјан, Мишел во една пригода за Гламур магазин го откри следново:
„Со Дамјан Стојаноски сме другари од средношколските денови, и ми е особено драго што сум негов Кум. Нашата прва музичка и професионална соработка со него се случи во 2013 година, со песната ‘Ивана’ каде што јас се појавувам како автор и хармоникаш“, изјави тогаш Мишел додавајќи дека со Дамјан досега имале голем број заеднички настапи на свадбени веселби и приватни забави.