Ова беше најемотивниот момент на концертот на Калиопи – пејачката пресреќна, ова не го очекуваше (фото)
Калиопи одржа концерт за паметење
Нашата најголема музичка поп ѕвезда Калиопи Букле вчера одржа концерт за кој уште долги време ќе се зборува.
Концертот беше одржан во спортската сала Борис Трајковски и целиот простор беше целосно исполнет, како со луѓе, така и со емоции, како што вети и самата пејачка. Имено, Калиопи непосредно пред да се одржи спектаклот истакна дека не е важно колку луѓе ќе дојдат, туку просторот да „трешти“ од емоции и љубов.
И така навистина и се случи, а Калиопи даде се од себе и на верната публика со своите хитови им приреди вечер за паметење.
Инстаграм
Посебен беше моментот и кога на сцената се појави познатиот пејач Жељко Самарџиќ, па заедно направија вистински спектакл.
Инстаграм
Целата сала беше исполнета со посебна енергија, а вистинска магија следуваше и кога заедно ја испеаја нивната заедничка песна „Знам“, а публиката воодушевено ги следеше во еден глас.
Инстаграм
Големо изненадување беше кога на бината се појави и Слаткаристика, по што Калиопи продолжи со своите незаборавни песни.
Како изгледаше сето тоа, погледнете во продолжение…
Инстаграм
Потсетуваме, Калиопи со овој концерт во Борис Трајковски одбележа јубилејни 40 години присуство на нашата музичка сцена.
Инстаграм
Концертот помина феноменално, а најдобро за тоа кажуваат и бројните објави што цел ден се шеруваат на социјалните мрежи.
Инстаграм
Еден од најемотивните моменти на концертот
На концертот беа присутни и голем број наши ѕвезди, но и колешки и колеги кои беа дојдени да ја поддржат познатата пејачка.
Повеќе за ова прочитајте тука >>