Оваа 65-годишна дама ни одржа лекција како да носиме костум и бои – ја обожаваме!
Кристи Бринкли во фантастично издание
Поранешната манекенка и модел може да ни држи стилски лекции на сите. Имено, убавата и талентирана поранешна манекенка беше едно од најпознатите лица во 80-тите години, кога се појави на стотици насловни страни ширум светот, а се покажа и во актерските води.
Но она што е најфасцинантно е тоа што Кристи иако неодамна наполни 65 години се уште ги краси насловните на модните списанија и изгледа сензационално.
Таков беше случајот и со нејзината последна насловна за британскиот магазин Бела, како и на нејзиното појавување на настанот што го организираше овој магазин. Имено, таа на црвениот килим се појави во фантастично младешко издание со кое изгледаше подобро и од многу помлади гостинки.
Поранешната манекенка носеше класичен костум кој е состоеше од малку подолго сако и панталони во впечатлива жолта боја (Marc Cain), а целото издание го заокружи со класични бели адидаски.
Па, големо БРАВО за ова издание на Кристи.