Вирално

Оваа 19 годишна девојка беше избркана од трговски центар поради својата „непристојна“ облека

Advertisement

19-годишната Габриел Гибсон од Алабама тврди дека била избркана од еден шопинг центар поради прекратките шорцеви.

Advertisement

Тинејџерката споделила фотографии на својот профил на Фејсбук на кои е облечена во спорната комбинација поради која имала проблеми во трговскиот центар. „Денес бев буквално омаловажена и избркана од центарот ’Bellair’ во Алабама поради она што го носев. Очигледно, возрасните мажи не можеле да се соземат па затоа бев избркана”, напиша Гибсон покрај нејзините фотографии кои веднаш станаа вирални на социјалните мрежи.

Трговскиот центар набрзо реагираше со соопштение во кое објаснуваат дека се фокусирани на „одржување на семејна атмосфера” и дека секој кој носи облека која ги прекршува нивните правила “ќе биде замолен да го напушти објектот. Но 19-годишната девојка вели дека едно од лицата што го обезбедувале шопинг центарот ѝ кажал дека проблемот бил во тоа што зјапал во нејзиниот задник, па му порачува да не гледа во него и додава дека биле непристојни и потполно непрофесионални се однесувале кон неа.

Advertisement

Откако нејзината објава стана вирална, група жени организирале “SlutWalk” во знак на протест против ваквата политика на трговскиот центар, а во склоп на акцијата ги повикале жените да се појават разголени.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button