Реклама
Новости

Оваа храбра мама потполно природно роди машко дете тешко пет и пол килограми

Реклама

Ники Бел постави нов рекорд породувајќи се без средства за олеснување на болки а роди машко дете тешко 5.755 грама.

Малиот Паркер, како што го крстија бебето, на 28 годишната Ники од Австралија и е второ дете, а породувањето траеше околу два и пол часа.

Маркетинг

„Сигурна сум дека секое породување боли, без разлика дали бебето е тешко 1.7 или 5.7 килограми“. Секое е болно“, изјави храбрата мама за британскиот „Мирор“.

Ники е воодушевена и од персоналот во болницата кои со нејзиниот успех се пофалија на официјалната Фејсбук страна.

Маркетинг

„Породувањето беше природно и без компликации. Среќни сме што можеме да објавиме дека не така малиот Паркер и неговата мама се одлично“, напишаа тие на оваа социјална мрежа.

Ники Бел синот го роди минатиот четврток и сега веќе се дома, а гордите родители се надеваат дека момчето со својата поголема тежина ќе ја искористи во иднина за да стане врвен спортист. Според податоците од „Kids Health“ повеќето бебиња се раѓаат помеѓу 37 и 40 недела од бременоста, а обично тежат од два и пол до четири килограми.

 

Поврзано

Back to top button