Оваа фотографија ќе ви открие сé за пластичните операции на Наташа Беквалац – погледнете како изгледала на почетокот од кариерата
Познатата пејачка Наташа Беквалац каде и да се појави е во центарот на вниманието поради својот изглед.
Наташа важи за една од најпознатите, но и најубавите пејачки на овие простори. Откако се појави на естрадата, русокосата пејачка плени со својот изглед каде и да се појави, а знае како да привлече внимание и со фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи.
Без разлика дали е средена од глава до пети или без грам шминка на лицето и во потполно опуштено издание, таа изгледа прекрасно.
Но некои сметаат дека новосадската Барбика не изгледала отсекогаш вака и дека нејзината убавина е производ на естетската хирургија. Наташа таквите гласини секогаш ги демантирала, а ако добро ја погледнете и следната фотографија од почетокот на нејзината кариера би можеле и вие да се уверите дека ја зборува вистината.
Имено, таа отсекогаш имала убави црти на лицето, полни усни и тело на кое секоја дама може да и завидува.